Сигурно ќе се сложиме дека најдобриот натпревар за нашиот ракометен шампион во лигата на шампионите во првиот дел од сезонава, беше токму против Киелце во спортскиот центар Јане Сандански. На тој дуел пред преполната наша арена, црвено-црниот состав го “декласираше“ Полскиот првак со двоцифрена разлика. Во тој меч Вардарци влегоа со четири победи и еден пораз, токму пред споментаиов дуел против Данскиот Колдинг. Враќањето на Шпанските репрезентативци Штербик и Душебаев во нашиот тим беше јасна препорака за Киелце дека нема што да бара на овој дуел. Иако Полјаците цело прво полувреме одржуваа некаква резултатска рамнотежа, не дозволувајќи да се одалечиме на поголема разлика од четири голови. Избраниците на Талант Душебаев се обидуваа со својата “препознатлива“ груба игра да ги спречат нашите напади, но сепак таквата игра многу и не им помогна. На полувреме имавме 4 голови предност, иако Лацковиќ имаше чиста зицер контра за највисоки плус пет голови.
Само шест минути ни беа потребни во второто полувреме да ја дуплираме оваа разлика, за веќе да достигнува осум голови позитива во тие моменти. Штербик како и вообичаено блескаше на нашиот гол, додека Руските играчи во Вардар имаа своја посебна вечер. Дибиров, Горбок и Шишкарев успеаа заедно да постигнат дури 20 голови, што беше повеќе од половина погодоци на целата наша екипа. Популарните Комити грмеаа од трибините, понесувајќи го својот миленик кон петтата победа во групната фаза и заземање на првото место на табелата. Само за момент доаѓа до мало олабавување, што му овозможува на Килеце да ја намали разликата на пристојни шест голови негатива. Горбок можеби го имаше својот најдобар шутерски меч во црвено-црниот дрес, со неговиот и голот на Дибиров за прв пат имавме двоцифрена предност од десет голови, која умешно ја одржувавме до самиот крај, иако во еден момент таа беше зголемена за единаесет голови позитива. Талант предвреме се помири со овој голем пораз, кој како и што самиот истакна на прес-конференцијата “Не е чудно да загубиш од Вардар, но тоа да биде изразено со десет голови разлика, воопшто не е лесно да се поднесе“, рече искусниот Шпански стручњак на клупата на Киелце. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 34:24.
Одличен натпревар за Вардарци, на кој како што споменавме најефикасни беа Дибиров и Горбок со по 8 постигнати голови. Најдобриот светски голман Штербик имаше 18 успешни интервенции, од кои дури три одбранети седмерци.