Веќе зад нас се четири меча на домашна сцена за црвено-црниот фудбалски колектив. После истите може да се направи првиот пресек на стрелци. Вчерашниот меч со Скендербегу во Купот на Македонија беше вистинска “голеада“, постигнавме девет гола што значајно ја збогати листата на стрелци на ФК Вардар во домашните натпреварувања. Позитивно радува што по првите четири меча тој во купот и на домашна сцена со Слога, Шкендија и Победа погодуваме на секој меч. Вкупно постигнавме 14 гола досега или во просек 3,5 по одигран дуел, во одбраната сме фантатични на четири меча примивме само еден гол или имаме одличен просек од 0,25 примени гола по меч. Четиринаесете постигнати гола се дело на дури десет различни играчи. Во продолжение може да погледнете табела од листата на стрелците.
Место | Играч | ПМФЛ+КУП | Вкупно |
1/4 | Новак | 1+1 | 2 |
1/4 | Обрегон | 0+2 | 2 |
1/4 | Гроздановски | 0+2 | 2 |
1/4 | Петковски | 0+2 | 2 |
5/10 | Којашевиќ | 1+0 | 1 |
5/10 | Фeлипе | 1+0 | 1 |
5/10 | Глигоров | 1+0 | 1 |
5/10 | Балотели | 1+0 | 1 |
5/10 | Хоф и Глишиќ | 0+1 =1 |
* Во дуелите во Л.Ш погоди Хоф и Дарко Велковски (2)