Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Сите репрезентативци се вратија во строј, започна мисијата “Пелистер“
Сите репрезентативци се вратија во строј, започна мисијата “Пелистер“

Сите репрезентативци се вратија во строј, започна мисијата “Пелистер“

Голем број на вардарци имаа настапи за своите селекции, тие конечно, вчера, сите се ставија на располагање на  шефот на стручниот штаб црвено-црните, Чедомир Јаневски.  Тој конечно може да работи со  сите фудбалери пред неделното дерби против екипата на  Пелистер во Битола.

Првично македонското дерби требаше да се игра во четврток, но беше поместено поради настапите на репрезентациите: Дарко Велковски и Кристијан Тошевски играа за сениорската селекција на Македонија, Бесар Исени и Јован Попзлатанов за младата репрезентација , Филип Антовски, Тодор Тодороски, Филип Стојчевски и голманот Мето Велковски играа за селекцијата до 19 години. Покрај нив  дел од  ерменскиот национален тим беа Ховханес Хамбарџумјан и Тигран Барсегјан. Дуелот со зелено-белите се игра во недела, 1.април на стадионот под “Тумбе Кафе“ – Битола со почеток во 15-00 часот.