Wednesday ,13 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи гостуваат во Ѓорче, додека кадетите и младинците се домаќини на екипата на Македонија Ѓ.П, во рамките на 18 коло
Пионерските екипи гостуваат во Ѓорче, додека кадетите и младинците се домаќини на екипата на Македонија Ѓ.П, во рамките на 18 коло

Пионерските екипи гостуваат во Ѓорче, додека кадетите и младинците се домаќини на екипата на Македонија Ѓ.П, во рамките на 18 коло

Редовното 18 коло во првенството на младинските фудбалски категории ќе се одигра претстојниов викенд. Пионерските екипи во сабота, во термините од 10 и 12:00 часот ќе гостуваат на екипата на Македонија Ѓ.П, додека кадетите и младинците во истите саатници, но во недела на теренот на Академијата се домаќини на овој противник.

Помладите пионери ќе се обидат да стигнат до својата 18 победа во првенството и да ја продолжаат оваа неверојатна серија на победи, која трае уште од третото коло. Во сабота пред себе имаат противник кој се наоѓа на дното на табелата, па фаворитската улога се препишува на црвено-црните, кои би требало да стигнат до нови бодови, иако секогаш овие натпревари на првиот и последниот на табелата се незгодни. Во есенскиот дел на својот терен убедливо ја победивме Македонија Ѓ.П со резултат од 5:1.

Лесна задача немаа да имаат пионерите на Вардар, кои ќе играат против лидерот во оваа генерација, а тоа е токму екипата на Македонија Ѓ.П. На истиов терен во есенскиот дел го совладавме противникот, но во рамките на првиот четврфинален меч од купот, кога славевме со двата гола на Леонид Игнатов. Но во првенството, во првиот дел од сезоната загубивме убедливо од Македонија Ѓ.П и тоа на домашен терен (0:4). Подоцна Вардар го елиминираше тимот на Македонија Ѓ.П во рамките на купот, кога славевме и на реваншот на Академијата, тој меч заврши со резултат (3:1). Интересните се резултатите од претходните три меча на овие две екипи оваа сезона, па сигурно е дека не очекува нов возбудлив натпревар помеѓу пионерските екипи на Македонија Ѓ.П и Вардар.

Интересен ќе  биде и кадетскиот натпревар на овие две екипи, каде Вардар се бори за титулата со екипата на Шкендија, додека Македонија Ѓ.П е без шанси, позиционирана на средината од табелата. Избраниците на Колев славеа и на првиот меч одигран во Ѓорче, кога три бодови донесе Милан Благојевиќ и тоа со два гола во противничката мрежа, за конечен резултат од 1:2. Доколку сакаме да ја продолжиме битката за титулата, неопходни се три бодови од овој меч.

Младинците ќе се обидат да стигнат до втората последователна победа, откако славеа на гостувањето против екипата на Милано. Противникот се наоѓа на претпоследното место во оваа генерација, па црвено-црните се фаворити за освојување на бодовите, што покажува и првиот дуел одигран во Ѓорче, кој вардаровите младинци го добија со резултат 1:5.