Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор утре на мегдан со Пелистер
Вардар јуниор утре на мегдан со Пелистер

Вардар јуниор утре на мегдан со Пелистер

Викендов нов предизвик во домашната женска Супер лига ги очекува девојките на Симе Симовски, младите вардарки од тимот на Вардар Јуниор. Тие ќе се сретнат во овој 21ви дуел за нив сезоната во единствената женска ракометна лига со тимот на ЖРК Пелистер. 

Вардарки се домаќини на овој натпревар кој ќе се одигра утре, сабота, 31.март во Скопје. Победа во овој дуел ќе не оддржи во битката за втората позиција на која атакуваме, за истата претенденти покрај нас се и уште три тима меѓу кој и зелено-белите девојки од Битола.  Последен дуел кој го одиграваа избраничките на Симовски беше тој со постариот тим на Вардар во кој сосема очекувано забележаа пораз од најдобриот тим во земјава. Утрешниот натпревар се игра со почеток во 18-00 часот.