Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мустафи главен судија на натпреварот со ФК Пелистер
Мустафи главен судија на натпреварот со ФК Пелистер

Мустафи главен судија на натпреварот со ФК Пелистер

Стандардно во петок пред фудбалскиот викед во првата фудбалска лига беше извршено ждребување на делителите на правдата за ова коло во македонската фудбалска елита. Фатон Мустафи од Тетово  според ждрепка ќе биде  главен судија на мечот меѓу Пелистер и ФК  Вардар.

Македонското дерби кое е натпревар од 25.коло во ПМФЛ ќе се игра во Битола, на стадионот под “Тумбе Кафе“. Натпреварот е закажан  в недела, 1.април со почеток во 15-00 часот.