Комисијата за лиценцирање при ФФМ ги посети сите прволигаши и второлигаши и утврди дека ги исполнуваат правата за настап во најсилните две фудбалски категории во земја. Ждепката за новата сезона 2017/18 во Првата лига од фудбалскиот шампионат на Македонија ќе се одржи утре, во вторник. Истата ќе биде со почеток во 12-30 часот во просториите на фудбалската федерација на земјава.
Вардар утре ќе го дознае распоредот за одигрувањето на дуели во првата македонска фудбалска лига оваа сезона во која ќе ја брани повторно шампионската титула од изминатата. Исто така ќе бидат извлечени и двојките од првото коло на Купот на Македонија, односно 1/16-финалните средби (еден натпревар), во оваа рунда натпреварите ќе се одиграат на 16 август. Првата лига е предвидено да започне за 13 август.