Денес фановите на РК Вардар имаа шанса да добијат автограм и да се фотографираат со Рожерио Мораес и Тимур Дибиров на отворениот ден на Вардар. Од денес,24 јули се до 28 јули, во периодот од 10 до 18 часот во големата сала во СЦ „Јане Сандански“ ќе можат да се фотографираат фановите со шампионскиот пехар од ЛШ што го освоивме во јуни во Келн.
