Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар (1) подобри од ФК Вардар (2) во “братскиот дуел“ кај генер.2006 во елиминацискиот дел од детската лига
ФК Вардар (1) подобри од ФК Вардар (2) во “братскиот дуел“ кај генер.2006 во елиминацискиот дел од детската лига

ФК Вардар (1) подобри од ФК Вардар (2) во “братскиот дуел“ кај генер.2006 во елиминацискиот дел од детската лига

Во рамки на четвртфиналето во детската лига кај генерацијата родени 2006 и помали денес се сретнаа двете вардарови екипи предводени од Филип Арсовски. Пласман понатака во полуфиналето од регионалниот дел обезбеди  ФК Вардар (1) кој го совлада “братскиот“ тим на ФК Вардар (2) со резултат 6-1 (4-0).

g3

Мечот почна со цврста игра на двата колектива кои добро се познаваат помеѓу себе, први со гол натпрварот го отворија момците од ФК Вардар(1). За отварање на резултатот односно гол за водство од  1-0 стрелаше Давид Голубов. Следеа две прилики за “двојката“ се обидоа Танчев и Олег Трифуновски сепак на голот беше расположениот Данстак Андреј.  Нивните промашувања ги казни Марко Николовски кој погоди за удвојување на водството, односно резултат 2-0.  Се играше одлично во продолжение двата тима имаа прилики, сепак мрежите на Данстак и Ивановски останаа незатресени, се до последните пет минути од првиот дел. На сцена стапи Стефан Коловски тој погоди најпрвин за 3-0, а веднаш потоа пред самиот крај на првиот период на овој четвртфинален дуел во детската лига успеаа да погоди и за 4-0. Со овој резултат се замина на одмор на овој “братски“ натпревар денес.

g4

Вториот дел почна со одлична одбрана на Мартин Ивановски при првиот обид на “единицата“. Веднаш потоа Марко Николовски погоди за водство од 5-0, со што ФК Вардар (1) поведе со “петарда“ во овој натпревар. За ФК Вардар генер.2006 (2) се обиде да погоди Мирза Хасиќ сепак таа прилика одлично ја одбрани Данстак Андреј. “Двојката“ беше во налет па изнуди три корни за себе со кој доби “казнет удар“. Пеналот во погодок успешно го претвори во погодок Александар Миевски,  тој стрелаше за намалување на резултатот на 5-1. Истиот играч после погодокот имаше уште една прилика за нов втор погодок за него и неговиот тим на овој натпревар. Сековски Дарко имаше шанса сепак истата не успеаа да ја претвори во гол за ФК Вардар(1).  Потоа истиот играч одлично исфрли двајца свои чувари шутна “бомба“ од над 15 метра која заврши во гредата од голот на Ивановски.

g2

Повторно Мартин Ивановски во продолжение одлично брани, треба да се напомене дека тој на голот на Вардар (2) и Данстак Андреј на голот на Вардар (1) денес имаа одлични настапи  на овој дуел.  За 6-1 стрелаше во продoлжение Кристијан Галевски тој успешно прифати една топка и мирно “егзекутирање“ за водство со пет гола позитива. До крајот за одбележуваже е пеналот на Сековски од “кецот“ тој истиот го изведе силно сепак топката заврши крај десниот директ од голот на Вардар (2).