Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Младинците на ФК Вардар со “петарда“ за ФК Шкупи во дербито
Младинците на ФК Вардар со “петарда“ за ФК Шкупи во дербито

Младинците на ФК Вардар со “петарда“ за ФК Шкупи во дербито

Денес на теренот во населбата Јане Сандански се одигра младинското скопско дерби помеѓу Вардар и ФК Шкупи. Нашите младинци дојдоа до триумф во овој натпревар со резултат 5-1 (2-0). Тренерот Љупчо Марковски-Калц стартуваше со дебитантот на голот во младинскиот состав Денковски, играа и Ричков, Исмаил, Димтровски, Личина, Димков, Додевски, Хамзиќ, Даци, Најдовски и Маркоски.

z3Почнавме со офанзива од првата минута на овој младински дуел со цел рано да го отвориме натпреварот со погодок. Први две прилики во 2-та и 3-та минута ги имаше Димков Виктор кои неуспеаа да го претвори во погодок за црвено-црните. Потоа имавме прилика од слободен удар, истиот го изведе Е.Даци кој шутна силно, сепак топката мина крај левиот директ. Повторно во продолжение имавме шанса од слободен удар, овој го изведе Димков Виктор голманот со крајни напори одбрани и ја исфрли топката во поле која дојде до капитенот Есмин Личина. Тој одлично прими и шутна силно сепак неговиот удар беше блокира. Бевме во постојана офанзива во продолжение создававме серија шанси на овој ме. Најпрвин Ричков се обиде со удар од дистанца крај голот, потоа и Димков. Се играше 25.минута кога со одличен удар статива-гол постигна Теодор Димитровски. Веднаш по голот Димков се обиде од 20 метра, топката мина над грдата од голот на Шкупи. На 2-0 зголемивме во 30 минута, Едис Хамзиќ успеа да го удвои нашето водство со неговиот погодок. До крајот во последните 15 минути создадовме уште три одлични шанси. Најпрвин Димков се обиде, потоа Даци шутна крај голот на чаирчани и на крајот Дејан Маркоски се обиде. Ние убедливи бевме во целиот прв дел покажувајќи доминација на теренот. Одлично прво полувреме имаше, а и одличен меч зад себе впиша голманот Денковски кој денес дебитираше за младинскиот состав на ФК Вардар.

z2
Прва прилика во вториот дел имаа гостите од скопски Чаир, сепак на висина на задачата беше дебитантот Денковски Давид кој лесно профати. Ние тргнавме во офанзива имавме посед на топката, но без посебна прилика за одбележување во првите 10 минути во вториот дел. Прилика за гол имаше Едис Хамзиќ кој се обиде да погоди сепак топката мина за малку крај голот на Шкупи. Гостите искористија една прилика поради наше невнимание и намалија на 2-1 во продолжение. Сепак кратко траеше нивната радост веќе во следната минута Дејан Маркоски со еден одличен удар успеаа да ја врати позитивата на два гола, погодувајќи за 3-1. Напаѓавме постојано и после голот, Додевски одлично направи продор по десната страна центираше “меко“ до Хамзиќ Едис кој погоди за 4-1 во 69.минута од натпреварот. Слободен удар имавме од десно на 25 метри, истиот одлично го изведе Даци погоди под греда сепак голманот на Шкупи со крајни напори исфрли во корнер. На 5 минути до крајот повторно Хамзиќ погодува, тој постигна гол за “петарда“ односно стрелаше за 5-1. До крајот одлично ја контролиравме играта и го привршивме натпреварот.

z4
Младинскиот состав се трудеше одлично на овој меч, нашиот состав беше оставен со минимален ростер откако четири играчи беа повикани во првиот тим па тренерот Марковски мораше со само една и тоа комбинирана постава да го издржи и да најде начин да го одигра овој тежок првенствен дуел со ривалот од Скопје.