Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2002 со високи 13-1 го совлада Башкими

ФК Вардар генер.2002 со високи 13-1 го совлада Башкими

Денес на Академијата на ФК Вардар нашата генерација 2002 одигра меч со екипата на ФК Башкими 1947. Во мечот на кој Кумановчани услово беа домаќини победивме со високи 13-1 . За нас стартуваа следните момци: Величковски, Петејчук, Асани, Пешевски, Костовски, Крстевски, Игнатов, Тодоровски, Омерагиќ, Речица, Фазљиу. 

ss4

Екипата на Башкими беше рамноправна со нас на овој дуел само во првите 5 минути. Потоа почна решетањето на нивниот гол. Во 6 минута Омерагиќ Азер постигна гол за 1-0. Истиот играч веќе во следната 7минута зголеми на 2-0 за црвено-црните. Брзоногиот Фазљиу Атом со погодок во 9.минута зголеми на 3-0 и најави висока победа за избраниците на Петар Геогиевски. На сцена стапува Леонид Игнатов кој погодива двапати по ред за ново зголемување на водството. На 4-0 зголемува во 11 минута, а “петардата“ односно голот за 5-0 го постигнува во 13минута. Повторно во продолжение исти играч постигнува два гола едно по друго. Петејчук Анатолиј со два соло продора, двапати успеа да стрела најпрвин за 6-0, потоа и за 7-0. Напаѓавме  постојано во продолжение имавме неколку шанси. По одлично изведен корнер со глава Омерагиќ Азер успеава да зголеми на 8-0. До крајот погодуваме уште три пати за резултат 11-0. Атом постигна два гола и еден гол беше дело на  Анатолиј. Со овој резултат заминавме на одмор.

ss3 ss2

Вториот дел го почнавме со голем број на измени па во првите 10 минути не успеавме веднаш да го зголемиме резултатот. Во вториот дел доби прилика за настап целата клупа на Вардар генерација 2002 година. Добивме казнет удар по три корни кој го изведе Радуловиќ Мартин неговиот удар голманот го исфрли во корна со одлична парада. Веднаш потоа добивме уште еден ваков удар кој во гол го претвори Леонид Игнатов за наше водство со 12-0. Истиот играч веќе во следната акција зголеми на високи 13-0. Речица Харбун имаше голема прилика од казнет удар тој шутна одлично, но топката мина крај левиот дирек. Гостите успеаа да постигнат конечно гол во средината на вториот дел, тие по првиот изведен корнер за нив денес успеаа да постигнат погодок за намалување на 13-1. Добивме нов казнет удар истиот го изведен Гугуљанов Петар, погоди од првиот, но беше поништен, во вториот топката ја упати на неколку сантиметри надвор од голот. Високото водство на црвено-црните го фрустрираше противникот кој заради неспорски потези добиа дури 3 црвени картони во финишот.