Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Прва победа сезонава за КК Вардар!

Прва победа сезонава за КК Вардар!

КК Вардар конечно се израдува на победа во лигата, вчера нашите играчи во Плеј-аут кошаркарската лига како гостин ја совладаа екипата на АВ Охрид со резултат 65-77.

Иако Вардарци немаат шанса за опстанок во првата лига, сепак овие играчи играат до крај и се трудат да стигнат до што е можно повеќе позитивни резултати. Вчерашниот натпревар во Охрид беше едно одлично издание на младиот тим на Кочов, во текот на целиот меч вардарци го диктираа темпото. Најдобрата четвртина беше првата, каде нашиот тим постигна 23 поени а прими само 11.

Во редовите на Вардар Лефкоски беше најефикасен со 14 поени, Адекунле постигна 13 поени, а Калов мечот го заврши со 12. Во домашниот тим Брукс постигна 23 поени а имаше и 8 скокови.