Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар генер.2003 го “потопи“ Башкими со 17-0

ФК Вардар генер.2003 го “потопи“ Башкими со 17-0

Денес на Академијата на ФК Вардар нашата генерација 2003 одигра меч од лигата со екипата на ФК Башкими 1947. На мечот на кој условно бевме “гости“ победивме со високи 17-0. Тренерот Томче Трајановски мечот го почна со овој состав: Стојковски, Марковски, Јовановски, Сељанац, Бошевски, Младеденовиќ, Петрушевски,  Андреев, Јаневски, Тасевски и Петковски.

o4

Првите десет минути минаа со цврста игра во која Башкими беше одлучен да игра “бункер“ ние се обидовме да ги пробиме, но неуспавме во почетокот. Сепак “рафалната“ стрелба почна во 12 минута. Марио Петрушевски погоди за 1-0, а веќе во 14 минута истиот играч го дуплираше водството со неговиот гол за 2-0. Младеновиќ Дарио имаше прилика во продолжение, неговиот удар заврши крај стативата. Јаневски Благоја во продолжение сам си се “почести“ за својот роденден. Тој стрелаше за 3-0, и 4-0 во 18 минута и во 21 минута од овој дуел. Поради постојаниот наш атак домаќинот беше набиен пред гол линијата, по една несмасна интервенција на целата одбрана тие си постигнаа автогол за 5-0. Младеновиќ Дарко успеа да биде во продолжение најумешен по изведена корна и постигна погодок за 6-0. Тасевски Петар се обиде  со глава во продолжение, но ударот заврши крај голот.  Исто така и Јовановски се обиде да постигне нов гол, сепак неговиот удар од 20 метра го одбрани голманот на Башкими. Добивме казнет удар по 3 корни успешен реализатор на истиот за 7-0, беше Бошевски Давид. Со овој резултат се замина на одмор.

oo4 oo5

Во вториот дел почнавме офанзивно уште од првата минута да го напаѓаме голот на нашиот противник. Петар Давидовски по 2 минути игра зголеми на 8-0, а веќе во следната прилика за нас повторно погодивме. Погодокот за наше водство од 9-0 го постигна Влатко Стојановски. Напаѓавме постојано во продолжение, еден од играчите на Башкими 1947 одигра со рака, беше досуден пенал за црвено-црните. Сигурен реализатор на истиот беше Алек Сељанац кој погоди за 10-0.  Кратко потоа поведовме и со 12-0, успешно мрежата на кумановчани ја решетаа ново влезените Антонио Мирков и Прелоговски Александро. Целосно зелено-белите беа ориентирани на дефанзива ние постојано напаѓавме, единствено само еден тим играша не овој дуел. Погодок за 13-0 го постигна по еден прекин и одлично нафрлување  Дарио Јовановски. Прелоговски продолжи во продолжение да ја решети мрежата на противникот тој погоди пак за 14-0.  Во следните две минути поведовме со 16-0, стрелаше Прелоговски и Хасани Абдулах. Од слободен удар од над 25 метра “еврогол“ постигна Трпезановски Дарко кој стрелаше во горниот десен агол над живиот ѕид на домаќинот за 17-0, тоа беше последен погодок денес. Со овој резултат победивме и во првиот есенски дуел со овој противник.

oo2