Три генерации на фудбалскиот клуб Вардар од вчера се до 2.септември ќе бидат дел од меѓународниот турнир “Пирин куп„, кој се игра во Бугарија. Тоа се генерациите родени “2007„, “2008„ и “2009„ година. Фудбалскиот клуб Вардар вчера со генерацијата родени 2007 година одигра еден дуел од групната фаза. Во истиот момците на Горан Петрески-Чунда дојдоа до висока победа против екипата на бугарска ФК Беласица Петриќ.
На дуел во кој целосно доминиравме, дојдовме до победа со пет постигнати гола над противникот. Истите беа дело на четири различни играчи од црвено-црниот тим. Па така Стефан Младеновски постигна два гола, по еден беа дело на Mарко Киш, Борјан Томовски и Емир Шаботиќ. Крајниот резултат беше 5-0, противникот речиси и да не се закани по нашиот гол. Денес продолжуваме со настап на истиот турнир.