Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > “Новиот“ ЖРК Вардар го одигра првиот тест-меч, совладан тимот на ЦЕМС со десет гола позитива (ФОТО)
“Новиот“ ЖРК Вардар го одигра првиот тест-меч, совладан тимот на ЦЕМС со десет гола позитива (ФОТО)

“Новиот“ ЖРК Вардар го одигра првиот тест-меч, совладан тимот на ЦЕМС со десет гола позитива (ФОТО)

Вчера во салата Христо Ботанџиев во Ѓорче Петров се одигра пријателски натпревар помеѓу РК ЦЕМС 2018 и  актуелен првак екипата на ЖРК Вардар. Овој натпревар  заврши со заслужена победа на фаворитот, нашиот црвено-црн тим со 26 – 36( 13-17).

777

Избраничките на Симе Симовски и Драгана Пецевска доминираа во текот на целиот натпревар, во првиот дел постојано бевме на чекор пред противникот. На пауза заминавме со четири гола, во вториот дел проработе нашата одбрана и успеавме да победиме со двоцифрена предност против тимот кој оваа сезона ќе дебитира во женската сениорска лига. Најдобар стрелец и поединец на овој натпреварот беше Николиќ Милица која одигра одлично и погоди дури 9.пати.

7777

Стрелци: Николиќ 9,  Петковска 6, Дамјановска 4, Трпевска 3, Седлоска 3, Јаковчевска 2, Коларовска 1, Божиновска 1, Костиќ  1, Џатевска 1, Миновска 1, Георѓиевска 1. Голмани: Трајновска 10 одбрани, Грујовска 7.

777777