Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Пирин куп: ФК Вардар генер.2008 и 2009 со 4 бода го завршија првиот натпреварувачки ден
Пирин куп: ФК Вардар генер.2008 и 2009 со 4 бода го завршија првиот натпреварувачки ден

Пирин куп: ФК Вардар генер.2008 и 2009 со 4 бода го завршија првиот натпреварувачки ден

Вардаровите екипи родени 2008 и 2009 година ги одиграа и вторите дуели на меѓународниот турнир “Пирин куп„ ова попладне. По крајот на второто коло тие имаат 4 бода на своето конто.

Генерацијата  на фудбалскиот клуб Вардар родени 2009 година кои се и најмали учесници дојдоа до победа. Тие се сретнаа со екипата на ФК Хебар, во еден интересен дуел ние дојдовме до минимална победа денес. Победата ја остваривме со резултат 1-0, стрелец на единствениот гол беше Павел Котески-Митровски. Момците на Зоран Петковски денес одиграа два меча како што ве известивме во утринскиот одиграа реми и со дури  четири бода од шест можни го завршуваат првиот натпреварувачки ден.

223

ФК Вардар генерација родени 2008 година предводена од Миле Крстев утрово победи со високи 8-0, а попладнево во вториот дуел ремизираше. Младите вардарци се сретнаа со тимот на ФК  Хасково, во овој натпревар тие ги поделија бодовите со противникот откако одиграа 0-0. Исто така и тие првиот дел го завршуват без пораз, со четири освоени бода во два дуела.