Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Момците на Кралевски, ФК Вардар генер.2009 „газат“ во Детската лига
Момците на Кралевски, ФК Вардар генер.2009 „газат“ во Детската лига

Момците на Кралевски, ФК Вардар генер.2009 „газат“ во Детската лига

Екипите  на ФК Вардар генер.2009 денес имаа два дуели во детската лига. Момците на Кралевски Игор прикажаа завидлива борбеност, одиграа на ниво во двата дуели и нивната квалитетна работа на тренинзите дојде до израз. Победивме во двата дуели со постигнати  шест гола.

Вардар (1) генер. 2009 – убедливо го совлада тимот на ФК Албион  со резултат 6-1. Тргнавме офанзивно, момците на Кралевски успеаа да создаадат многу шанси. Поведовме преку Дарин Михајловски од пенал, кој шутна силно за 1-0. Голема шанса имаше Павел Котески-Митровски чиј силен удар заврши крај голот на ривалот. Капитенот Вито Павлов се обиде потоа, но среќата не беше на наша страна. Конечно го „скршивме“ дефанзивниот ривал, Јаков Стојковски и Дарин Михајловски успеаа да зголемат на високи 3-0. Петровски Марко имаше шанса со глава која голманот на ривалот со крајни напори ја одбрани. Момците на Кралевски успеаа да погодат до крајот на првиот период уште да пати, Стојковски втор пат стрелаше, Папаливски Васко беше непогрешлив од пенал. Со „петарда“ односно со резлтат 5-0 заминавме на пауза.

000000000000

Вториот дел почна повторно со наша доминација, Матеј Николов успеа на самиот почеток да зголеми на 6-0. Противникот се закани, на нашиот гол се истакна Баснарков Марко со три одлични одбрани. Дури на средината на вториот период противникот успеа да постигне почесен погодок намалувајќи на 6-1. Баснарков повторно беше во центарот на вниманието со нови две чудесни одбрани.  Со пет гола успеавме да победиме на оваа средба на која доминиравме целосно.

Висока победа обезбедивме и во втората средба, ФК  Вардар(2) успеа да го совлада тимот на ФК Карев со високи 6-2. Првиот дел заврши со резултатска симетрија 1-1, иако ние имавме повеќе од игата сепак моравме да се задоволиме со реми за време на паузата. По советите на тренерот Кралевски, во вториот дел момците го подигнаа нивото и успеаа да ја „изрешетаат“ мрежата на ривалот. Победивме со четири гола предност, новите бодови ги освоивме со резултат 6-2.

За нас на оваа средба имаше пет различни момци кои ја тресеа мрежата на нашиот ривал. Два пати умешен беше Васе Папаливски, Андреј Кралевски погоди еднаш колку и  Алек Бабуунски, Колевски Давид и Качман Сулејман.