Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор даде отпор, но не успеа да го победи Бутел на дуел од Супер-лигата
Вардар Јуниор даде отпор, но не успеа да го победи Бутел на дуел од Супер-лигата

Вардар Јуниор даде отпор, но не успеа да го победи Бутел на дуел од Супер-лигата

Младиот состав на Вардар Јуниор го претрпе и третиот пораз во рамките на Супер-лигата, откако денес загуби од екипата на Бутел. Мечот кој се одигра во малата сала на С.Ц. Јане Сандански му припадна на гостинскиот тим кој славеше со резултат 26:31.

1

Откако и двете екипи постигнаа по два гола, избраниците на Петрушевски и Манасков први успеаа да се одлепат на три гола разлика. Во почетниот период од мечот, одличен на голот беше Марко Кизиќ, па благодарение на неколку негови одбрани успеавме да поведеме со 5:2 во 8 минута од мечот. Најпрво Кукуловски погоди за 4:2, а потоа и десното крило, Ќосевски за по осум минути игра да имаме позитива од три гола разлика. Противничкиот тим кој од клупата е предводен од Грчевски и Јанев не му дозволи на Вардар Јуниор рано да се одлепи, па полека но сигурно ја стопи нашата предност, која ниту еден тим ја немаше во 14 минута, кога на семафорот стоеше резултат 7:7. Водството го вративме со голот на пикерот Стефан Атанасовски за 8:7, за Васил Гогов да одбрани удар од седум метри. Тоа го користиме преку Стефан Крстевски кој му донесе предност на Вардар Јуниор од 9:7, а нов одбранет седмерец имаше Гогов. Од овој период затаи нашата игра, односно до крајот на првото полувреме успеавме да постигнеме само еден гол, додека Бутел немилосредно ја полнеше нашата мрежа, за на полувреме да има висока предност од 10:16. На пресвртот влијаеше и поранешниот вардаров голман, сега чувар на мрежата на Бутел, Златко Даскаловски кој имаше неколку одбрани, едноставно тој го сврте мечот во корист на Бутел.

2 4 5 6

Серијата на противничката екипа продолжи и во второто полувреме, во кое го постигнаа првиот гол за зголемување на 10:17, а конечно и младите вардарци погодија за намалување на резултатот. Не успеавме во овој период од мечот да го намалиме резултатот, повторно се разбрани Даскалоски, а довчерашниот играч на Јуниор, Мартин Димов погоди од контра за највисоки 11:20 за тимот на Бутел. Следи наша добра серија од 3:0, во која успеваме да го намалиме резултатот на 14:20 со голот на Мартин Карапалевски. Истава разлика беше активна кога погоди Атанасовски за намалување на 17:23, а Бутел имаше контрола на резултатот. Момците на Петрушевски не помислија да се предадат, заиграа поцврсто во одбраната, што резултатираше и со преполување на негативата. На нашиот гол се разбрани Васил Гогов, а црвено-црните со погодоците на Ќосевски и Крстевски се доближија на 22:25 во 49 минута од мечот. Бутел не дозволи резултатска неизвесност, повторно се одлепи на 22:27. Успеавме во едне момент да намалиме на три гола, кога промашивме удар од седум метри. На крајот победа со резултат 26:31.

Мартин Карапалевски најефикасен кај нас со 8 голови, додека Стефан Крстевски постигна 6. Стефан Атансовски и Ален Ќосевски имаа по 4 погодоци.