Денес на терените на ФК Работнички меѓусебен дуел во рамките на детската фудбалска лига одиграа двете екипи на генерацијата родени “2010“ година. Вардар (1) го победи Вардар (2) со резултат од 5:2.
Гледавме интересен натпревар со многу голови и шанси на двете страни. На крајот победи екипата на Вардар (1). Головите за Вардар (1) ги постигнаа Далибор Марковиќ (2), Марко Јовановски, Стефан Ристиќ и Матеј Чедевски. За тимот на Вардар (2) погодија Петар Васовски и Лука Пачески.