Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генерација “2009“ со победа и нерешен резултат во дуелите со Кул, го одбележа колото во детската лига
Вардаровата генерација “2009“ со победа и нерешен резултат во дуелите со Кул, го одбележа колото во детската лига

Вардаровата генерација “2009“ со победа и нерешен резултат во дуелите со Кул, го одбележа колото во детската лига

Вардаровата генерација родени “2009“ година денес на терените на ФК Работнички одигра два натпревари во рамките на детската фудбалска лига. Противник ни беше екипата на Кул Здравје, а забележавме една победа и нерешен резултат.

1

На првиот натпревар се сретнаа Вардар (2) против Кул (1). Овој дуел заврши со нерешен резултат од 2:2. Екипата на Кул успеа прва да го отвори резултатот на овој натпревар и да поведе со 0:1. Сепак Вардарци брзо го вратија ударот и со голот на Матеј Крстевски успеаа да израмнат на 1:1. Екипата на Кул можеше да ја врати предноста, откако еден од нивните играчи ја погоди пречката од нашиот гол. По првиот дел успеавме да имаме водство, а во листата на стрелци се запиша Давид Колевски кој му донесе предност на Вардар од 2:1.

4

За одбележување во вториот дел се неколкуте одбрани на нашиот голман, Бојан Лазаревски, кој спречи неколку добри удари на Кул. Вардар можеше да стави точка на овој натпревар, но немавме среќа кога ја погодивме стативата од противничкиот гол. Тоа во последните минути успева да го казни противникот и да израмни на 2:2. Овој резултат на крај се покажа и како конечен на мечот.

2

На вториот натпревар Вардар (1) беше поуспешен од Кул (2). Тука доминиравме и на крајот заслужено победивме со резултат од 4:1. Првите два гола на натпреварот беа дело на денес одличниот Марко Петровски кој им донесе водство на црвено-црните од 2:0.

5

Вардар имаше иницијатива на теренот и постијано го напаѓаше противничкиот гол. Успеваме да зголемиме  на 3:0, откако својот прв гол го постигна и Јаков Стојковски. На полувреме беше актуелен овој резултат. На стартот на вториот дел зголемивме преку Максим Павловски на 4:0, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите. Истиов играч можеше да зголеми но ја погоди само стативата од голот на Кул. Од слободен удар, противникот успева да постигне почесен гол и да намали на 4:1.Треба да се одбележи и добрата игра на Сулејман Качман, кој им создаваше доста проблеми на противничките играчи. На крајот конечен резултат од 4:1.

6