Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Триумфално коло за кадетите и младинците на ФК Вардар, кои денес го совладаа тимот на Македонија Ѓ.П
Триумфално коло за кадетите и младинците на ФК Вардар, кои денес го совладаа тимот на Македонија Ѓ.П

Триумфално коло за кадетите и младинците на ФК Вардар, кои денес го совладаа тимот на Македонија Ѓ.П

Кадетите и младинците на ФК Вардар забележаа победи во денешното првенствено коло. Тие денес гостуваа на теренот во Ѓорче, на екипата на Македонија Ѓ.П.

Кадетите на ФК Вардар успеаа да го победат лидерот во оваа генерација и да освојат нови три важни бодови во борбата за титулата. Избраниците на Влатко Колев славеа на овој дуел со резултат од 1:2. Сите голови паднаа во првото полувреме, а играчот на одлука за Вардар денес беше Милан Благојевиќ кој и ги постигна двата гола за црвено-црните. Најпрво во 9 минута го отворивме резулттатот преку Благојевиќ за 0:1. Следеше интересна завршница на првото полувреме кога за само две минути беа постигнати два гола. Најпрво Вардар зголеми на 0:2 со погодокот на Благојевиќ во 44 минута, додека само минута подоцна или во следниот напад, Македонија Ѓ.П го намали резултатот на 1:2. Иако во вториот дел и двете екипи имаа неколку шанси, сепак не дојде до промена на резултатот и натпреварот заврши со триумф на Вардар од 1:2. Ова е многу важен триумф за подигнување на самодовербата во продолжение од сезоната за нашите надежи.

ФК Вардар: Велковски, Радевски, Калчиноски, Пешевски, М.Младеновски, Дарлишта, Адем, Благојевиќ, Ѓорѓиески, Димоски, Ибиши.

Поубедливи беа младинците на Вардар кои ги надиграа своите врсници од Македонија Ѓ. Тука триумфиравме со резултат 1:5. Уште во 11 минута го отворивме резултатот кога Јакуп Бериша успеа да ја затресе противничката мрежа и да го донесе Вардар во водство од 0:1. Ова беше и резултат по првото полувреме. Во вториот дел следуваше голеада од страна на избраниците на Ѓорѓиевски. Најпрво во 56 минута зголемивме на 0:2 со вториот гол на мечот за Јакуп Бериша. И покрај предноста, црвено-црните постојано го напаѓаа голот на противникот, а таквата игра донесе уште голови. За само две минути постигнуваме два нови голови. Во 64 минута прв гол на мечот и за Јахја Абдулхади кој зголеми на 0:3, за во 66 минута да проследивме хет-трик на Бериша, за убедливо водство од 0:4. Домашниот тим ја затресе нашата мрежа, по прв пат денес и намали на 1:4 во 78 минута, за конечниот резултат од 1:5 да го постави Трајчевски Александар во 83 минута.

ФК Вардар: Зибери, Петковски, Антовски, Милковски, Димов, Наумчески, Битиќи,Стојановски, Јахја,Бериша,Рецепи.

Во игра влегоа уште и Трајчевски и Маркоски.