Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Девојките на Платон и Кузмановска, пионерките на Вардар имаа успешно “огнено крштевање“, во деби мечот во лигата го совладаа Делчево
Девојките на Платон и Кузмановска, пионерките на Вардар имаа успешно “огнено крштевање“, во деби мечот во лигата го совладаа Делчево

Девојките на Платон и Кузмановска, пионерките на Вардар имаа успешно “огнено крштевање“, во деби мечот во лигата го совладаа Делчево

Денес во салата “Кале“ во Скопје се одигра првото коло во женската пионерска лига на Република Македонија. “Огнено крштевање“ во лига системот имаше новата екипа на Вардар која првпат настапува заедно. Пионерскиот соств на Вардар предводен од Анжела Платон и Александра Кузмановска се сретна со екипата на РК Делчево предводена од Горан Велков. Нашите дами успешно го “положија“ првиот лигашки текст и триумфираа со виски 24-15 (10-8) на овој деби настап.

f2

Први со гол дуелот го отворија нашите девојки кој поведоа со 0-1, а потоа со два последователни погодоци се одлепија на 0-3. Во следниот период двата тима играа игра гол за гол, двете пионерски екипи погодија по три пати во мрежата на ривалот, ние и понатака бевме на “три плус’ 7-4. Следеа минути во кој повеќе од играта имаше тимот од Делчево предводен од Горан Велков. Тие успеаа да направат серија 1-4 со која внесоа неизвесност во дуелот кога пред почетокот на финишот изедначија на 8-8. Тоа беше прв и последен пат на овој дуел тие да имаат активен резултат на ова пионеско соочување. Во последните минути девојките на Платон и Кузмановска успеаа да го зачуваат својот гол, а погодија два пати во мрежата на делчевки. Со тој резултат 10-8 се замина на одмор на овој дуел кој се играше во Скопје.

f4
Вториот дел почна идентично како и првиот дел, со погодоци во мрежата на гостинот и зголемување на нашата предност. Со почетна серија 4-0 успеавме да се одлепиме првпат на “шест плус“, на семафорот стоеше 14-8 во корис на скопските пионерки. Клупата на гостинот побара минута одмор по советите на Велков ривалот намали на 14-9. Сепак ние не дозволивме изненадување и загрозување на нашата голема предност и со серија 4-0 поведовме до двојна предност, 18-9. По оваа висока предност тренерот Платон им овозможи на повеќето играчи од клупата да настапат на овој прв меч за оваа генерација во РФМ лигата. Игравме игра гол за гол па по завршувањето на регуларните 40.минути колку што се игра во пионерската конкуренција водевеме со 23-15.

f3

До крајот имаше само да се изведе удар од 9.метра, топката ја зема Пешиќ М. Шутирајќи силно над “живиот ѕид“ погоди атрактивно за конечни 24-15 со што покажавме дека располагаме со одлична младинска екипа и оваа сезона во лигата. Пешиќ беше прв стрелец со 8 гола, Коцева беше втор со 5 погодоци, а Ангеловска стрелаше умешно 4 пати.

Мила Пешиќ 8, Мила Крагељ 1, Александра Колоска 3, Леа Христоска, Борјана Коцева 1, Ања Јолакоска 2, Ива Ангеловска 4, Наталија Максимовска, Андреа Миланова, Бојана Радевска, Ана Мирческа, Бојана Коцева 5.