Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Фардар генер.2005 со победи во дуелите со ФК Грозданоски и ФК Кул
ФК Фардар генер.2005 со победи во дуелите со ФК Грозданоски и ФК Кул

ФК Фардар генер.2005 со победи во дуелите со ФК Грозданоски и ФК Кул

Денес на терените на ФФМ во Ново Лисиче, екипите предводени од Ане Андовски генерација родени 2005 година одиграа два дуела. На двата дуела црвено-црните надежи дојдоа до нови победи совладувајќи ги своите ривали на овие натпревари во новото коло од детската лига.

k4

Во првиот натпревар Вардар (2)  се сретна со ФК  Кул  во дуелот кој се играше во 12:00 часот, на овој меч ние дојдовме до победа со 3-2 (1-0). прва прилика за нас имаше Кристијан Таневски чии удар со глава заврши над голот на противникот. Пројковски потоа по изведена корна од 2-3 метра со глава го натфрли голот на ФК Кул. Следеа уште две сериозни акции во првата Дошев шутна голманот исфрли во корна, во втората Лука Јакимовски шутна одлично голманот со нога исфрли во 3-та корна за нас. Добивме пенал поради корните, казнениот удар успешно во погодок за 1-0 го претвори Горјан Цветков кој шутна силно долу десно.  До крајот истиот играч имаше уште една одлична прилика која заврши над гредата од голот на Кул.

k k3

Во вториот дел на нашиот гол Леонид Илиевски правеше чуда, одбрани неколку одлични удари со парада. Тој ги фрлаше во депресија играчите на нашиот ривал. Прва прилика имаше Кристијан Tаневски, неговиот удар го одбрани голманот на нашиот противник. Повторно Горјан Цветков беше во прилика, Гого успеа силно по земја да постигне гол за удвојување на предноста, тој стрелаше за 2-0. Калановски Александар имаше прилика која не ја претвори во гол, Наумовски Стефан имаше одличен продор по десна страна асистираше до Лука Јакимовски кој не успеа да погоди. Нашите промашувања беа казнети во продолжение, најпрвин ФК Кул од пенал намали на 2-1, а веднаш потоа од игра изедначи на 2-2. Во финишот ние постојано напаѓавме со цел да постигнеме гол и да дојдеме до триумф. Калановски Александар кој е деснак, се обиде од 20.метра шутна силно со неговата лева нога, топката идеше под гредата и се заби во мрежата на Кул. Овој негов гол за 3-2 во последната минута од овој натпревар донесе победа и нови 3 бода.

n

Во вториот дуел ФК Вардар (1) генер. “2005“  се сретна со тимот на ФК Гроздановски, во овој дуел дојдовме до лесна победа со високи 17-0 (8-0). Голејадата ја најави Никола Величковски кој погоди за 1-0 по само 1.минута игра на овој натпревар.  Следеа две прилики на Гаштаров Матеј и на Арбин Курти за погодок. Во продолжение имаше две прилики Арбин , во првата  Курти стрелаше за 2-0, во втората крај голот. На сцена стапи Никола Величковски, тој имаше вистинско гол-шоу стрелајќи немилосрдно во продолжение. Со три гола зголеми на 5-0 на 5.минути до крајот од првиот дел на овој натпревар. Имавме повеќе од играта во поле тоа ни носеше создавање на многу шанси. До крајот Арбин Курти, Лефковски Давор и Зоран Фидановски стрелааа во голот на екипата на Гроздановски. Со овој резултат 8-0 заминавме на одмор најавуваќи дека во вториот дел повторно ќе продолжиме со полнење на мрежата на ривалот.

n2

Вториот дел почна со шанса на Матеј Николовски која не ја претвори во гол. Никола Величковски повторно стрелаше тој погоди за 9-0. Mатеј Гаштаров имаше прилика која заврши крај голот на нашиот ривал. Со головите на Тино Спасиќ и Арбин Курти поведовме со 11-0 во 9.минута од вториот дел на овој натпревар од детската лига.  Постојано доминиравме во овој натпревар и само прашање беше со колку ќе триумфираме на истиот.

n3

До крај успеавме да стрелаше успешно уште шест пати. Лефковски Давор имаше свои моменти во продолжение тој погоди до крајот три пати во мржата на Грозданоски. Покрај него погодија Арбин Курти, Гаштаров и Никола Величковски. Со нивните голови дојдовме до висока победа со 17-0 на овој натпревар и покажавме дека разликата помеѓу нашиот црвено-црн состав и противникот е неколку класи.