Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Кадетите на Вардар, момците на Будимир продолжуваат да “преполнуваат мрежи“ РК Шампион совладан со 28 гола предност
Кадетите  на Вардар, момците на Будимир продолжуваат да “преполнуваат мрежи“ РК Шампион совладан со 28 гола предност

Кадетите на Вардар, момците на Будимир продолжуваат да “преполнуваат мрежи“ РК Шампион совладан со 28 гола предност

Денес во спортската сала “Кале“ момците на Вардар предводени од Будимир играа 1.коло од кадетската лига.  Во дуел со РК Шампион од Скопје пионерите на РК Вардар кои се натпреваруваат и во оваа кадетска конкуренција повторно покажаа класа и триумфираа восоко со 39-11 (17-4). Момците на Адријана Будимир имаат страшен старт оваа сезона  во сите дуели кои ги одиграа во пионерската лига победуваа и тоа убедливо, а сега и во овој дуел во кадетската лига со повозрасни момци покажаа квалитет.

Први со гол натпреварот го отворија црвено-црните  кои поведоа со 1-0, противникот во следната акција изедначи на 1-1. Следеше пеколна игра во одбраната и брзо казнување во нападот, правиме серија 4-0 и во 4.минута од дуелот поведовме со високи 5-1.  Следеше период во кој двата тима постигнаа по два гола во противничката мрежа, предноста и понатака беше “четири плус“ за нас 7-3.  Повторно се покрена “црвено-црната машина“ и со фуриозна серија 5-0 се одлепивме на 12-3 најавуваќи дека денес повторно едниствена непознаница ќе биде гол разликата со која ќе триумфираме на овој натпревар. Противникот во продолжение намали на 12-4, а ние во финишот му “испорачавме“ уште една серија 3-0 одејќи на одмор со виски 13 гола предност. На семафорот во спортскиот центар “Кале“- Скопје на полувреме стоеше резултато 17-4, во корис на момците на Будимир.

1108

Вториот дел почна со гол за ривалот кој намали во 1.минута од вториот период на 17-5, но повторно по тој гол ние доминравме со серија 4-0 отидовме првпат на “плус 16“ поведувајќи со високи 21-5. Од минута во минута нашата предност постојано раснеше, на еден нивни гол ние одговаравме со серија погодоци. На средината од вториот дел водевме со превисоки   30-8 во наша корист. Во втората половина од вториот дел се беше рутина, иако добија шанса поголем дел од клупата сепак ритамот не дозволивме да падне. Момците стандарно ги исполнија барањата на тренерот Будимир во одбрана беа пеколни а во напад погодуваа. На крајот победивме со 28 гола предност, на крајот на семафорот во спортскиот центар “Кале“- Скопје стоеше 39-11.

Савревски Давид беше најефикасен со 11 гола, Калајџиев Симон беше втор стрелец со 8 гола во нашите редови, 6 погодоци впиша Чакалиќ Бојан, а Димитревски Дамјан стрелаше успешно 4 пати.

Давид Стојковски, Марио Мишевски 1, Бојан Чакалиќ 6, Борис Павловски, Андреј Трајковски, Никола Жерновски 3, Кристијан Ташевски 3, Симон Калајџиески 8, Дамјан Димитриевски 4, Леонид Чорогунов, Дамјан Србиновски, Велимир Грујовски 2, Горјан Трајчевски, Давид Савревски 11, Благој Димовски, Давид Мирчевски 1.