Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две победи за ФК Вардар генер.2007 во детската лига
Две победи за ФК Вардар генер.2007 во детската лига

Две победи за ФК Вардар генер.2007 во детската лига

Денес на терените на Фудбалската федерација на Македонија се одигра новото коло во детската лига. Момците предовдени од Томче Трајановски, генерација 2007 требаше да одиграа два дуела денес. Вардар (2)  требаше да одигра меч со Чаир   од 9:00 часот , противникот не се појави и овој дуел беше регистриран со резултат 3-0, службено во наша корист.

1

Во вториот дуел ФК Вардар (1)  генер. “2007“  за ривал ја имаше екипата на ФК Фамос. Во овој дуел дојдовме до победа со високи 5-1 (2-0). Во првиот дел целосно доминиравме и  создадовме серија прилики, првата посериозна ја имаше Петар Мицевски кој ја затресе стативата од голот на ривалот. Истиот играч во продолжение погоди за наше водство со 1-0. Грашевски Александар исто така имаше прилика во која ја погоди гол конструкцијата од голот на нашиот ривал. За Фамос повторно таличен беше Петар Мицевски неговиот удар заврши во мрежата на ривалот за удвојување на водството. Тој погоди ефектно за 2-0, резултат со кој заминавме на пауза.

5 3

Во вториот дел почнавме со офанзива уште од првата минута, баравме нов погодок во мрежата на противникот со цел да ја обезбедиме победата рано и да триумфираме на овој дуел. Лебариќ Драган по изведен прекин беше најснаодлив погодувајќи за 3-0 со што најавиме победа. Веќе во следната акција Милош Спасовски имаше прилика, за жал неговиот удар заврши во рацете на голманот на Фамос. Емир Шаботиќ по една одлично одиграна акција погоди силно по земја за 4-0 и удвојување на предноста од првиот дел за црвено-црните. Напаѓавме и по голот постојано, тоа го принуди да се брани ФК Фамос кој исфрлаше често и во корна. По три корни за нас добивме казнет удар, пенал истиот го изведе голманот на црвено-црните. Даниел Исајловски успеа од погоди за 5-0. На крајот нашиот ривал преку пенал намали на 5-1 со нивниот прв и последен гол на овој дуел, токму со тој резултат заврши овој дуел.

2