Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шкендија подобра од Вардар, на дербито кај генерација “2003“
Шкендија подобра од Вардар, на дербито кај генерација “2003“

Шкендија подобра од Вардар, на дербито кај генерација “2003“

Вардаровата генерација “2003“ го загуби дербито во регионалната-скопска лига. Шкендија излезе на крајот како победник во дуелот со Вардарци, која славеше со резултат 1:2.

Тренерот Петрески стартуваше со следниот состав: Стојковски, Ѓорѓоски, Јовановски, Трпезановски, Сељанац, Давидовски, Стојановски, Хасани Андрески, Младеновиќ, Петрушевски.

Првиот удар кон еден од головите го имаше Вардар и тоа преку стоперот Ѓорѓоски кој со глава биеше покрај противничкиот гол. Во првото полувреме се играше воглавно по средината на теренот и немаше некои поголеми шанси за постигнување на гол. Единствената ја искористи Шкендија, кога по едно наше невнимание во одбраната успева да го совлада голманот Стојковски и да го отвори резултатот на 0:1. Пред постигнување на голот, Вардар се најде во прилика преку Лео Андрески, кој по грешка на голманот можеше да погоди, но изостана реализацијата, додека гостинската екипа имаше исто така сериозен удар, кој заврши за малку над пречката од голот на Вардар. Во првиот дел за одележување е и слободниот удар на Лео Андрески, по кој топката отиде над голот. По истекот на првите 40 минути, Шкендија имаше минимално водство од 0:1.

2

Вардар многу брзо во второто полувреме успева да ја анулира негативата, кога Дарко Младеновиќ најдобро се снајде во мешаницата во противничкиот шеснаесетник и погоди во долниот десен агол од голот на Шкендија, за израмнување на 1:1. Претходно прва измена во нашите редови, од игра излзе Петрушевски, додека влезе Димче Мешковски. Сепак за кратко време гостинот од Тетово ја враќа предноста, откако при еден дуел во нашиот шеснаесетник имаше допир на Трпезеновски со еден од противничките играчи, по што главниот судија реши да покаже на белата точка. Успешно реализира Шкендија за ново водство, сега од 1:2.

1

Противникот иамше голема прилика и за трет гол, но Лука Стојковски го остави Вардар во игра за бодови. Прелоговски вчезе во игра, на местото на Младеновиќ. По примениот втор гол падна концентрацијата кај нашите играчи, кои немаа некоја прилика за да го израмнат резултатот. Напротив Шкендија беше поконкретнаво своите обиди и можеше да постигне трет гол. Немаше промена на резултатот до крајот на натпреварот, кој заврши со триумф на гостите од 1:2.

4

Ова беше прв пораз за оваа генерација на Вардар во регионалната лига. Со истиов противник во среда се среќаваме и во рамките на четврфиналето од купот на Македонија.