Вардаровата генерација родени “2004“ година го добија дербито со екипата на Шкендија, во рамките на деветтото коло од регионалната-скопска лига. Утрово на теренот на академијата избраниците на Кралевски во боорбата за првото место на табелата ја победија екипата на Шкендија од Тетово. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 1:0, со единствениот гол на Никола Павлески.
Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Гигов, Милошевски, Анчевски, Јаневски, Павлески, Серафимов, Каровски, Хјадари, Попов, Стоимв, Гуџуфи.
Вардарци во најголем дел од првото полувреме имаа иницијатива на теренот и посојано беа во атак кон противничкиот гол. Прв обид имаше Исмет Хајдари, откако Каровски нафрли од десната страна, но Хајдари биеше слабо и голманот на Шкендија немаше никакви проблеми да ја прифати топката во своите раце. Се закани за прв пат и гостинот од Тетово, кој исто така го имаше првиот директен удар кон голот на Гигов, но нашиот голман успешно одбрани. Избраниците на Кралевски беа поконкретни на теренот и не му дозволуваа на противникот многу да се изнаигра во овој дел од мечот. Серафимов кај Вардар имаше удар, кој завршува во рацете на голманот.
Офанзивната игра ја претвараме во гол, кога од десната страна доби топка Никола Павлески кој го претрче противничкиот играч и биеше во голот на Шкендија, гостинскиот голман беше немоќен што значеше предност на црвено-црните од 1:0.
Се обиде противникот да врати, кога од слободен удар од некаде 25 метри биеше еден од нивните играчи, но Горазд Гигов не дозволува израмнување на резултатот. До крајот на првиот дел ќе ги одбележиме ударите и тоа доста сериозен на Давор Серафимов, кој голманот на Шкендија успева да го одбрани со крајни напорти, како и ударот на Попов, кој заври без реализација. По првото полувреме се замина со водство на Вардар од 1:0.
Прва измена на стартот на второто полувреме. Од игра излезе Горазд Попов, а на негово место е Теодор Перковски. Слично на првиот, така и во вториот дел нашите млади надежи имаа поголем дел од играта. Прв кој се обиде во овој дел од мечот беше Серафимов, но голманот на Шкендија го одбрани ударот. Втора измена кај Вардар, тренерот Кралевски од игра го повлече Каровски, а на негово место го внесе Давид Љушев. Денес еден од подобрите поединци на теренот, Никола Павлески повторно продре од десната страна, ја нафрли топката во противничкиот шеснаесетник која стигна до Перковски, овој се направи фудбалски шутираше, но противничкиот чувар спаси чист погодок и спречи поголема негатива за неговиот тим.
Вардар се обидуваше да постигне втор гол, но изостануваше конечната реализација. Перковски во прилика, но резултатот останува непроменет. Трета измена направена во нашиот состав, на местото на Стоимов во игра влезе Стефан Стојановски. Шансите пред голот на гостинот се редеа во секоја измината минута. Гуџуфи по подолго време се најде во прилика, повторно противничкиот чувар на мрежата е на своето место. Токму Гуџуфи е следниот играч кој го напушти теренот, на негово место е Филип Јоваовски. Последната и голема шанса на натпреварот ја имааа Павлески кој ја погоди стативата, додека во истата акција на одбиената топка не се снајде најдобро Јовановски, кој не успева да постигне гол. На крајот конечен резултат од 1:0 и заслужена победа за Вардар, во дербито на регионалната-скопска лига.
И после ова коло генерацијата “2004“ на ФК Вардар има максимален број на освоени бодови.