Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетската репрезентација ремизираше со Белорусија, Карапалевски постигна два гола
Кадетската репрезентација ремизираше со Белорусија, Карапалевски постигна два гола

Кадетската репрезентација ремизираше со Белорусија, Карапалевски постигна два гола

Кадетската ракометна репрезентација се наоѓа на силен меѓународен турнир во Плоцк, каде ќе се натпреварува со репрезентациите на Белорусија, Полска и Чешка. Избраниците на Данило Брестовац и Кристијан Грчевски го одиграа првиот натпревар на турнирот и тоа против врсниците од Белорусија, со која ремизиравме на крајот, со конечен резултат 27:27.

На натпревар со две рзлични полувремиња, на крајот немаше победник на овој натпревар. Противникот оигра одлично во првото полувреме и изгледаше дека на крајот и ќе излезе како победник. Имаа најголема позитива од осум голови разлика (14:6), за нашите надежи со серија од 0:3 да успеаат на одмор да заминат со достижна негатива од шесто голови (14:9). На полувреме селекторот, Брестовац имало што да им каже на своите млади избраници, а советите очигледно делувале на нашите репрезентативци, кои не само што ја стопија негатива, туку успеаа во еден момент да имаат и предност од три голови разлика (24:21), што воопшто не е мала работа на вакви пријателски натпревари на младински репрезентации. Во една неизвесна завршница на крајот ниту една од репрезентациите не се радуваше на триумфот. Иако Македонија после резултатскиот пресврт беше поблиску до победата, сепак не издржа до крај и дозволи Белорусија да израмни на 27:27, што беше и конечен резултат на натпреварот.

Во нашите редови најефикасен беше Серафимов кој постигна дури 11 голови, додека од играчите на Вардар во листата на стрелци се запиша бекот Мартин Карапалевски кој постигна два гола. Карапалевски пропушти најголем дел од натпреварите минатата сезона за младинците на Вардар, но неговиот квалитет не е спорен, па селекторот Брестовац му даде шанса да биде дел од репрезентацијата. Во составот за првиот дуел на турнирот, беа и голманите на Вардар Јуниор, Марко Кизиќ и Андреј Петковски, како и пикерот Мартин Мајсторовски и бекот Васе Наков, кои играат за младинците на Вардар под водство на Чивлачки и Грчевски.

Денес нашите кадети играат натпревар против селекцијата на Полска, додека утре се среќаваме со Чешка.