Во понеделникот на празникот на македонската револуционерна борба, 23-ти октомври се одржа по тој повод трка низ парк шумата во скопска Гази Баба. На истата присуствуваше еден црвено-црн атлетичар, Влатко Јакимовски. Тој зема учество и оствари триумф на истата.
На трката во должина од пет клилометри учество земаа над педесетина натпреварувачи, на крајот од истата нашиот вардарец беше на највисокото место на пиедесталот. Ова момче веќе утре има голем предизвик, тој ќе настапи на најдолгата дистанца, маратонот.
Утре, недела на 29-ти октомври на улиците во Подгорица по 24 пат ке се одржи Подгоричкиот маратон. Речиси цела деценија наназад во соработка со Скопскиот маратон се организира бесплатен превоз и сместување за 50-тина маратонци од Македонија. На тој настан Јакимовски ќе трча на пеколната 42километарска делница.