Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Лазовски го скрати списокот на репрезентативки за стартот на квалификациите, на истиот место за 2 вардарки
Кошарка! Лазовски го скрати списокот на репрезентативки за стартот на квалификациите, на истиот место за 2 вардарки

Кошарка! Лазовски го скрати списокот на репрезентативки за стартот на квалификациите, на истиот место за 2 вардарки

На десетина дена пред прозивката, селекторот на женската кошаркарска репрезентација Марјан Лазовски го скрати списокот на играчи на кои смета за стартот на квалификациите за Европското првенство.

Од 24, на списокот останаа 14 кошаркарки од кои половината се интернационалки. Единственото изненадување е отсуството на една од најдобрите кошаркарки на Вардар, Едина Муса на која Лазовски не смета за овој собир. Репрезентацијата ќе ја предводи Јелена Антиќ, а тука е и натурализираната Македонка, Криси Гивенс.

Првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство нашата репрезентација ќе го одигра на 11 ноември против Италија во Скопје. Во нашата група се уште Шведска и Хрватска.

СПИСОК НА КОШАРКАРКИ
Јелена Антиќ – Висла Кенпак (Полска)
Криси Гивенс – Авенида (Шпанија)
Ивана Кметовска – Замарат (Шпанија)
Анџелика Митрашиновиќ – Будуќност (Црна Гора)
Ана Тантуровска – Волос (Грција)
Нена Трајчевска – Бор (Србија)
Ивона Пејковска – Пожега (Хрватска)
Софија Лазареска – Бадел 1862 (Македонија)
Александра Стојановска – Бадел 1862 (Македонија)
Кристина Јаневска - Вардар (Македонија)
Цветанка Димова – Бадел 1862 (Македонија)
Сања Адамовска – Бадел 1862 (Македонија)
Анамарија Шеќероска – Струга 2009 (Македонија)
Јована Петрушевска – Вардар (Македонија)
извор-http://basketball.mk