На средбата во Љубљана од регионалната лига во дуелот со домаќинот Крим, Вардар победи со 32-29, што е наш трет триумф во ВРХЛ сезонава. Кузнецова постигна шест гола, беше наш втор најдобар стрелец. Руската интернационалка во дресот на Вардар, одлично се вклопува во играта на „црвено-црните” и покажува дека е вистинско засилување.
Игравме против една млада и полетна екипа на Крим. Ние имавме наши тактички замисли што требаше да ги одиграме, бидејќи ни недостасуваа две ракометарки. Ова што сега го правиме е за подобро подготвување за следните натпревари во лигата на шампионите. Важно е да победуваме, да ја подобруваме играта, и да бидеме во добра форма за следните три мечеви од групната фаза. Очекувам уште подобра наша игра, изјави Кузнецова.