Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки не запираат со победите, овој пат беше победен тимот на Крим
Вардарки не запираат со победите, овој пат беше победен тимот на Крим

Вардарки не запираат со победите, овој пат беше победен тимот на Крим

Тимот на ЖРК Вардар продолжува со одличните игри и победи, овој пат девојките на Вардар победија во рамките на ВРХЛ-лигата во Љубљана, Словенија. Вардарки го добија домаќинот на овој турнир Крим Меркатор со резултат 32-29.

Домаќинот се носеше со Вардар само едно полувреме, по првиот дел Крим имаше предност од еден гол 17-16, во вториот дел Вардарки ја покажаа цела своја сила додека пак Крим немаше сили да се носи со црвено – црните 60. минути. На крајот нашиот тим се радуваше на победа издвојувана со три голови разлика 32-29.

zrkvardar-vardarfans-vardarНајефикасна во редовите на македонскиот првак беше Пенезиќ со девет гола, втора на листата се најде Кузњецова со шест, Радичевиќ постигна четири погодоци. Кај Крим најефикасна беше Станко која заврши со седум гола.

Вардарки во Љубљана ќе одиграат уште еден натпревар и тоа против тимот на Будуќност. Ова се добри тестови за Вардар пред новите натпревари во Лигата на шампионите.