ФК Вардар ген.2005 со победа над екипата на ФК Скопје како гостин во регионалната лига замина на одмор како лидер. Денес против тимот на од Автокоманда ние дојдовме до гостинска победа со резултат 2:5 (2:3).
Вардар: Илиевски, Јакимовски, Таневски, Кулуковски, Јовановски, Спасиќ, Величковски, Цветков, Антевски, Дошев и Серафимов.
Првиот дел беше доста динамичен и во него беа постигнати дури пет гола, по кои ние заминавме на одмор со минимална предност од еден погодок. Најпрвин тргнавме офанзивно па за нас погодија: Јовановски Филип и Величковски Никола со нивните два погодока ние поведовме со 0-2 до 20.минута од мечот. Потоа во вториод дел од првото полувреме ривалот намали на 1-2, но ние веднаш ја вративме предноста од два гола преку Јовановски Филип кој стрелаше за 1-3. Домаќинот во финишот по една акција успеа да намали на 2-3, резултат со кој се замина на одмор.
Вардар нападна и во вториот дел со два гола како и во првиот период оствари предност, овој пат ние поведовме со високи 2-5 и најавивме победа и три бода во ова последно коло. После овие два гола се беше решено, стрелци за нас во вториот дел беа: Јакимовски Лука и Величковски Никола.
ФК Вардар генерација 2006 дуелот со истиот ривал го доби службено со резултат 0:3, поради немањето на доволен фонд на играчи кај противничкиот тим за оваа средба. Исто така и оваа екипа со овие бодови ќе „зимува„ како прва на табелата во текот на престојната пауза.