Денес младите вардарци од Вардар Јуниор настапија за првиот тим на Вардар кој гостуваше кај Нексе во последното есенско коло од СЕХА лигата. Момците на Стојан Петрушевски се бореа машки, сепак хрватскиот вице-прва дојде до победа 42-26.
На почетокот ние поведовме со 0-1 преку Карапалевски, потоа и со 1-2 преку Кукуловски. Повозрасниот домаќин изедначи на 2-2, потоа неколку пати имаше резултатска симетрија се до резултат 5-5 во 10.минута кога за нас погоди пикерот Стефан Атанасовски. Домаќинот со два врзани гола се одлепи на 7-5, предност која ја чуваше се до пред крајот на првиот дел. Кога резултат беше 14:12 за Нексе, младите вардарци се бореа одлично. Во финишот се одлепи и поведе со 18-14, резултат со кој замина на одмор.
Вториот дел започна доминација на домаќинот кој почна да ја зголемува предноста. Нексе тргна со серија 6-0 па успеа да се одлепи на двоцифрена разлика, тие поведоа со 24:14 во 37.минута од овој дуел. Петрушевски веднаш повика минута одмор со цел да ја прекине серијата на ривалот, првиот гол во вториот дел го дадовме во 39.минута. За нас стрелаше Јанковски кој доби асистенција од Ќосевски. Tочна на средината на вториот дел беше 13плус за хрватите, тие поведоа со 29-16 се беше решено. Петрушевски побара повторно тајм-аут со цел во последната четвртина да се конулидираме. Мечот заврши со резултат 42-26.
Кукуловски Дејан кај нас погоди седум пати, а Мартин Карапалевски и Ален Ќосевски имаа по четири.