Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Рекордери во ФК Вардар низ годините од 1947 до денес
Рекордери во ФК Вардар низ годините од 1947 до денес

Рекордери во ФК Вардар низ годините од 1947 до денес

Ви претставуваме ново парче од огромниот црвено- црн мозаик, наречен историјат на ФК Вардар. Долгата 69 годишна историја ја одбележаа многу тренери, фудбалери, лица на раководините места кој оставија свој печат. Денеска ви ги донесуваме сите рекордери во црвено-црниот клуб. Најдобрите стрелци, највеќе мечеви во светиот дрес, најуспешниот тренер и тн.

Најмногу постигнати голови: Андон Дончевски  (217 голови)
Најдобар просек на ефикасност: Дарко Панчев 207 мечеви/132 гола(0,65 гол. по меч.)
Најмногу првенствени голови: Васил Рингов (97 голови)
Најмногу првенствени голови во 1.МФЛ: Саша Ќириќ 1992/93 (36 голови)
Најмногу голови во европските натпреварувања: Дос Сантош Вандаир 2003/05 (12 голови)
Најмногу одиграни натпревари:
Кочо Димитровски 845 (416 првенствени)
Методија Спасовски 647 (375 првенствени)
Ѓоре Јовановски 486 (271 првенствен)
Драган Мутибариќ 461 (256 првенствени)
Атанас Мечкаров 435 (231 првенствен)

Најуспешен тренер: Ѓоко Хаџиевски (5 шампионски титули и 2 национални купа)
Најмногу гледачи: ФК Вардар – Црвена ѕвезда во сезоната 1985/86 (30.000 гледачи)
Најмногу гледачи на меѓународни натпревари: ФК Вардар – Бате Борисов -во сезоната 2012/13 (33.000 гледачи)