Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар “погодок“ на годината
ЖКК Вардар “погодок“ на годината

ЖКК Вардар “погодок“ на годината

ЖКК Вардар е “погодок“ на годината во рамки на кошаркарскиот клуб. Накратко бидејќи денес е последниот ден од годината, да резимираме за женскиот кошаркарски тим во 2017 година. Кошаркарскиот клуб Вардар по повод 70.годишнината која следната година се навршува од основањето на Спорското друштво “Вардар“, формирано далечната 1947 веднаш по најголемата светска војна реши да го “активира“ повторно женскиот клуб. Во текот на летото се создаде екипа ЖКК Вардар претежно од млади девојки со неколку искусни кошаркарки. За кратко се покажа дека идеата беше одлична. Тимот тргна во лигата со пораз во првото коло, но потоа блесна и шест меча по ред однесе победа. Во првото коло игравме со шампионот на земјата Бадел 1862 во малата сала “Кале“, очекувано, бевме поразени од тим кој е шампион и игра во регионалното натпреварување. Потоа следеа успеси и само успеси.

Девојките ги впишаа на  “црвено-црна победничка листа“ тимовите на Шкупи, Струга 2009, Пелистер А.Д, Клупски П., Трокал, МНА Кожувчанка. По одиграни седум кола од можни 14 девојките на Вардар собраа одлични 13 бода. Тие се повеќе од доволни за “бетонирање“ на втората позиција пред зимската пауза која следува во женската Прва кошаркарска лига. Пред нас, со бод повеќе е шампионот Бадел 1862 на кој “му дишеме во врат“ за време на зимската пауза. По крајот на полусезoната разговаравме со две девојки. Првата беше Драгана Петковска која со својата оцена за изминатата полусезона и онаа што не очекува изјави:

dragana

Стручниот штаб на Вардар имаат многу добра замисла за оваа екипа и ги собраа играчите што мислат дека таа замисла може да ја направат реалност. Како ново формирана екипа мислам дека имаме одличен резултат. По седумте одиграни кола, шест победи и еден пораз, завршивме втори на табелата, што е крајно позитивен скор. Изгубивме од екипата на Бадел и се надевам дека девојчињата овој пораз во четиринаесетото коло ќе го изедначат на еден-еден. Не сум задоволна од мојата игра на почетните мечеви. Премногу бев фокусирана на моето заминување во Америка и мислам дека тоа ми влијаеше на играта и моите перформанси на теренот. Потоа се дојде на свое место. Навистина жалам што морам да ги напуштам девојчињата и да ги оставам сами да го играат втoриот дел од сезоната. Но, верувам во нив, верувам дека можат и дека ќе успеат на крајот да завршат како шампиони на земјава.

Кошарка! Харбов: ЖКК Вардар ни нуди одлични услови

Исто така разговаравме и со надежниот играч на црвено-црните младата вардарка Ивана Харбов. Таа е еден од играчите од кој многу се очекува во блиска иднина во нашиот женски кошаркарски колектив. Таа на истото прашање ни одговори вака:

Сега по многу промени се најдов во ЖКК Вардар каде што ни се нудат одлични услови за работа и напредок. Наизбежно е секој играч да биде задоволен од атмосферата на тренинзи и натпревари. Владее другарство и тимска игра кои се клучни за нашиот досегашен успех. Иако ние младите играчи не добиваме многу минутажа, имаме многу што да научиме како од тренерите така и од поискусните играчи кои секогаш се тука да ни помогнат, да не поправат и мотивираат. Јас лично сум навистина многу задоволна од мојот напредок бидејќи дури и самата чувствувам индивидуални подобрувања за разлика од претходната сезона. За втората полусезона која е пред нас напролет, подготвени сме за поголеми предизвици и целиме кон ништо друго освен победа во секој меч во кој ќе се појавиме на теренот со девојките во црвено-црна комбинација.

Оваа есен постигнавме 407 поени на 7 меча, или во просек 58,2 постигнати коша по меч, оваа статистичка категорија ќе беше и посилна доколку “фенерџијата“ Клупски П. се појавеше во “Кале“. Нашиот противник не дојде па го добивме мечот со 20-0, повеќе од веројатно ќе беше дека нашите девојки далеку повисоко ќе го поразеа овој тим. Имаме примено 344 поена или одлични само 49 поена по меч. Највеќе поени против нас постигна шампионот Бадел 75 поена, ако се земе просекот на другите мечеви, без овој број на примени кошеви е 44 поени по меч. Полусезоната ја завршуваме со позитива од 63 поена на контото. Навистина е одличен потег враќањето на женскиот кошаркарски тим во лигата, дефинитивно е прекрасно да се известува за подвиците на овие девојки. Паузата ќе трае се до февруари идната година кога стартува женскиот куп во кошарка.