Есенската полусезона во големиот ракометен црвено-црн проект вардаровата Јуниор лига веќе е зад нас. По крајот на 6.коло следува зимска пауза во лигата. Но, тука нема да престанат натпреварувањата во организација на ракометната академија на ракометниот клуб Вардар. Следно што ќе се одржи е Зимскиот турнир „Вардар-Еден живот една љубов″. Ракометните школи се на кратка пауза поради празниците. По завршување на истата ќе се пристапи кон последната фаза од подготовките за зимскиот турнир. Ќе се дефинираат тимовите, и ќе се работата последните детали. Вардар фанс присуствуваше на еден тренинг на Рк.Илинден Вардар на кој тие се подготвуваа за овој турнир, од истиот информации и фотографии може да се погледнат на нашиот сајт-тука
Турнирот сезонава ќе се одржи во втората половина од месец јануари 2017 година. На него ќе учествуваат сите момчиња и девојчиња кои тренираат ракомет во школите кои се дел од Ракометната академија Вардар. Односно тие кои се дел од Јуниор лигата, но и тие чии школи се дел од Академијата на клубот, но не учествуаат во лигата. Оние 650 деца кои учествуваат во Вардар Јуниор лигата ќе одмараат од лига системот се до февруари 2017 година, но дотогаш нашите најмлади ракометари имаат нов предизвик за докажување. Голем настан сите нив ги очекува на овој турнир во организација на Ракометната академија Вардар- турнирот „Еден живот една љубов″. Според планот во два викенди Скопје ќе пулсира во ракометен црвено-црн ритам.