Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Црвена Звезда на “колена” пред кадетите на Вардар
Црвена Звезда на “колена” пред кадетите на Вардар

Црвена Звезда на “колена” пред кадетите на Вардар

Денес започна  15.издание на силниот меѓународен фудбалски турнир „фудбалски пријатели“ кој ќе се одржува во градот Фоча (Бих). Момците на Филип Деспотовски се сретнаа вечерва со тимот од соседна Србија, екипата на Црвена Звезда.

66486096_2332850010367826_2727938664054128640_n

Црвено-црните кадети одиграа добар натпревар кој го крунисаа со победа над ривалот. Вардарци во меч кој го контролираа дојдоа до минимална, но значајна победа на почетокот на овој силен меѓународен турнир. Првиот дел иако исполнет со шанси заврши 0-0. Триумфот дојде во вториот дел со резултат 1-0, стрелец на победоносниот гол беше  Мартин Радуловиќ-Величковиќ. Тој умешно погоди од пенал, кој претходно беше направен над Хасани Абдула.

Овој меч го започнавме со следниот тим: Китановски, Петајчук, Крстевски, Костовски, Асани, Речица, Салиу, Демири, Хасани, Величковиќ (К) и Гугуљанов.