Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Вардаровите пионери иако загубија од Лудогорец, утре ќе играат полуфинале против екипата на Будуќност
Вардаровите пионери иако загубија од Лудогорец, утре ќе играат полуфинале против екипата на Будуќност

Вардаровите пионери иако загубија од Лудогорец, утре ќе играат полуфинале против екипата на Будуќност

Пионерите на ФК Вардар го загубија третиот натпревар на турнирот во Боровец, меч кој немаше резултатско значење за вардарци, со оглед дека веќе бевме пласирани во полуфиналето.

На денешниот дуел, тренерот Стефановски, шанса за настап им даде на играчите кои не беа во преден план на претходните два натпревари, одмарајќи голем дел од првотимците за утрешното полуфинале. Денес за противник го имавме тимот на Лудогорец Разград, од кој бевме поразени со резултат 2:0, двата гола паднаа во првото полувреме. Во првите две кола, црвено-црните успеаа да ги победат екипите на ЦСКА Софија и Стеауа Букурешт.

Вардар: Јовчев, Марковски, Трпезановски, Ѓорѓиевски, Давков, Давидовски (c), Тасевски, Петковски, Исмаиљи, Саит, Андрески.

На стартот од второто полувреме во игра влегоа, Стојчевски, Сељанац и Ѓорѓоски .

Утре со почеток од 16:30 часот по бугарско време, Вардар во полуфиналето ќе се сретне со екипата на Будуќност од Подгорица, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат, Локомотив Пловдив против Лудогорец.