Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познати саатниците за тест-дуелите на кадетките со Бугарија
Познати саатниците за тест-дуелите на кадетките со Бугарија

Познати саатниците за тест-дуелите на кадетките со Бугарија

По 11 дена подготовки кадетската селекција на Македонија во женска конкуренција денес завршува со првата фаза која се одвиваше во Маврово. Девојките одработија одлично по кажување на стручниот штаб во изјава за Вардар фанс. Целата селекција се комплетираше со доаѓањето на петте девојки кои беа ангажирани за младинската селекција. После претпладневниот термин ескпедицијата се враќа за Скопје.

Како втора фаза во подготовките за ЕХФ Шампионатот М17 во Италија, црвено-жолтите ќе одиграат контролни дуели со соодветната селекција на источниот сосед, Република Бугарија. Дуелите се играат овој викенд,  првиот меч е во сабота на 27.јули (18-00 часот) вториот е ден потоа, 28.јули недела (11-00 часот). Постои можност двата или само првиот дуел да биде од „затворен карактер“.