Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Перспективните Ќосевски и Кукуловски на место на Мишевски и Поповски
Перспективните Ќосевски и Кукуловски на место на Мишевски и Поповски

Перспективните Ќосевски и Кукуловски на место на Мишевски и Поповски

На Вардар  и двајцата македонски играчи, Поповски и Мишевски им се разделија патиштата. Од клубот информираат дека два нови млади играчи од вториот тим ќе добијат прилика во Европскиот првак. Во информацијата се вели следното:

Сезонава во првиот тим на Вардар шанса да тренираат и да се борат за место на секој натпревар ќе добијат и двајца млади ракометари кои досега настапуваа во Вардар јуниор. Се работи за крилото Ален Ќосевски (2001) и Дејан Кукуловски (1996).

Двајцата ракометари веќе тренираат со екипата и ќе бидат и на подготовките што следуваат. Ќосевски игра на позиција на десно крило, а Кукуловски настапува на бековска позиција.
Кукуловски е веќе на подготовките, а Ќосевски ќе се приклучи откако ќе заврши кадетското СП што во август ќе се одржи во Скопје. На тоа СП ќе настапи и голманот Марко Кизиќ кој исто така продолжува со првиот тим на Вардар.

dvajca-mladinci-prekomanduvani-vo-prviot-tim-21230

За подготвителниот период со првиот тим ќе тренира и голманот Васко Гогов (2000). Тој ќе биде дел од тимот на Вардар јуниор сезонава а сега ќе ги одработи подготовките со првиот тим со оглед на тоа што недостасуваат голмани.

Летонецот Артус Кугис во моментов е единствен голман. Калифа Гедбан поради семејни причини ќе пристигне на почетокот на август.

Со взаемен договор раскинат е договорот со Марко Мишевски кој досега настапуваше за првиот тим. Тој во иднина е слободен.