Во недела ново коло во регионалната-скопска лига ќе одиграат Вардаровите генерации родени“2002“ и “2003“ година. Противник ќе ни биде екипата на Форца а мечевите ќе ги одиграме на гостински терен и тоа на Алумина, каде како домаќин своите мечеви ги игра тимот на Форца.
По поразот во дербито од екипата на Работнички, генерацијата на Вардар “2002“ се очекува да се врати на победите во лигата. Форца е последнопласирана во оваа возрасна категорија, па се освен висок триумф на црвено-црните ќе биде големо изненадување на овој дуел. Во есенскиот дел, Вардар славеше со резултат 4:0. Натпреварот е закажан за во недела со почеток од 11:00 часот.
Два часа порано, односно во 09:00 часот својот натпревар во генерацијата родени “2003“ година ќе го одиграат Вардар и Форца. Црвено-црните убедливо го добија дербито во минатото коло против тимот на Работнички и во одлична форма го дочекуваат овој меч. Во оваа генерација Форца е многу погоре на табелата, каде има освоено 13 бодови. Сепак квалитетот е на страната на Вардар, кој не би требало да има поголеми проблеми за остварување на нова победа, која би било вкупно 14 од исто толку одиграни мечеви. На првиот меч одигран на академијата, избраниците на Томче Трајановски триумфираа со убедливи 6:1.