Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Јуниорите на Вардар, кугларските надежи до триумф против врсниците од Империал

Јуниорите на Вардар, кугларските надежи до триумф против врсниците од Империал

Вчера пред сениорскиот дуел помеѓу екипите на кугларскиот клуб Вардар и екипата на КК Империал Тобако ТКС свои меч одиграа и јуниорските екипи на двата колектива. Како и сениорите кои триумфираа (види поопширно) со 5-3 и младите надежи дојдоа до победа во овој дуел. Тие имаат победи во сите дуели досега освен еден пораз.

Нашите надежи победија на мечот кој се одигра во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар Скопје, тие дојдоа до победа  во еден навистина тежок дуел со 3:1 во поени. Во сетови триумфиравме со 5:3, нашите момци соборија  684 “дрва“ , а нивните противници од Империал дојдоа до бројката 680. Мартин Митиќ дојде до 318, тој имаше дуел со Маријан Мандаровски. Одличен блесок имаше Љубчо Митиќ кој собори дури 366 “дрва“ и го доби дуелот со Марио Боневски кој впиша зад своето име 339. Од клубот велат дека кај Љубчо има голем напредок во неговата игра и дека најверојатно ќе може да се смета на него и за сениорскиот тим во следната натпреварувачка сезона 2017/2018 година. Очигледно тренерот Драги Димитровски одлично работел со овие момци. Третиот јуниор Матеј Костадиновски вчера немаше настап тој остана на клупата за резервни играчи на овој меч со екипата на КК Империал.