Нашите момци успеаа да ја “заверат“ вицешампионската титула во Македонската кугларска лига. Во натпреварот кој се одигра вчера на домашен терен во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар Скопје. Вардарци ја исполнија дефинитивно целата за оваа сезона, на меч пред крајот може да воздивнат целата е остварена. Во мечот вчера со екипата на Империал Тобако ТКС дојдовме до една тешка победа со резултат 5-3 која ни беше прекупотребна за освојување на втората позиција.
Мечот во сетови го добивме со 13:11, ние соборивме 3248 “дрва“ односно 172 повеќе од нашиот противник кој успеаа да дојде до бројката 3121. Први на патеката се појавија Димитар Димитровски и Георг Поп-Крстев. Димитар освои поен со соборени 578 (361+217) “дрва“ во дуелот со Никодиновски, тој беше повторно најдобар поединец на мечот. Поп Крстев загуби поен, тој собори 529 (364+165). Во следниот пар Марјан Згонц беше поразен, впишувајќи скор 553 (379+174), а пак Миле Димковски повторно беше на ниво трет меч по ред. Миле освои поен против С.Димитров со соборени 522 (348+174). Во последната трета серија влеговме со резултат 2-2. Донковски Младен повторно беше одличен тој имаше втор резултат, тој имаше скор од 569 (377+192). Настапи уште Дарко Димитровски кој собори 497 (348+149) “дрва“. По овие дуели беше 3-3, но поради подобриот екипен скор добивме два поени со кој поедивме со 5-3. Оваа победа беше доволна за обезбедување на втората позиција во лигата.
До крајот од лигата во куглање останува само уште последното коло натпреварот со шампионот КК Макпетрол, тоа е меч без резултатско значење за нас. Покрај сениорите настапија и јуниорите пред почетокот на мечот. Тие триумфираа со резултат 3-1, поопширно за нивниот дуел на нашиот сајт може да погледнете-тука!