Утре на програмата во македонската женска кошаркарска лига е новото, 14.коло по ред. Во истото на програмата е дербито помеѓу нашиот женски кошаркарски тим Вардар и екипата на актуелниот шампион тимот на Бадел 1862. Вардар влегува како лидер на табелата во овој натпревар со конкурентот за титулата.
Натпреварот се игра утре, сабота на истиот домаќин е екипата на Бадел 1862. Дуелот ќе почне со почеток во 18-00 часот. Вардарки се во низа од дванаесет победи по ред во лигата. Првиот и единствениот пораз го доживеаа токму од следниот противник. Тие не совладаа на домашен терен во 1.коло со 30:75. Сепак ние потоа се воигравме како тим, донесовме неколку засилувања и се одмаздивме. Во Куп финалето дојдовме до круна токму против нив, тоа беше прв трофеј во историјата за овој вардаров колектив.