Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Термини на одигрување натпревари за младинските екипи на РК Вардар

Термини на одигрување натпревари за младинските екипи на РК Вардар

Претстојниов викенд младинските екипи на ракометниот клуб Вардар ќе одиграат нови натпревари.

Пролетниот дел од сезоната го започнуваат пионерките на РК Вардар. Избраничките на Ристова и Пецевска гостуваат во Чаир на истоимената екипа. Црвено-црните влегуваат како првопласирани во овој дел од сезоната со пет победи од исто толку одиграни мечеви. Спротивно на нив, нашиот следен противник, Чаир нема освоено ниту еден бод. Натпреварот се игра во сабота со почеток од 15:30 часот.

Натпревар од 12 коло во рамките на групата 2 од младинската лига ќе одиграат и младинците на РК Вардар Јуниор. Ибраниците на Пепи Манасков во сабота се домаќини на екипат на ГРК Борец, меч кој се игра на Кале со почеток од 12 часот. Додека пак младинците на РК Вардар својот натпревар од ова коло против Преспа 2015 ќе го одиграа во друг термин, кој ќе биде дополнително одреден. Причина е настапот на кадетскиот тим на завршниот турнир во Автокоманда.

Кадетите во недела во салата во Автокоманда ќе се борат за приматот шампион на Македонија. Тие во полуфиналето со почеток од 12:45 часот се среќаваат со тимот на Струга. Во другото полуфинале ќе се сретнат Металург и Јуниор Ивни. Евентуалното финале за Вардарци ќе се одигра истиот ден од 19:45 часот.

Пионерите поради настапот на турнирот во Грција, дербито со екипата на Работнички ќе го одиграат во друг термин, додека младинките на Вардар СЦЈС своите настапи во лигата ги продолжуваат после велигденските празници.