Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Вардаровите пионери заминаа за Верија, каде ќе бидат дел од силниот меѓународен турнир„Врилитос 2017″ во Грција

Вардаровите пионери заминаа за Верија, каде ќе бидат дел од силниот меѓународен турнир„Врилитос 2017″ во Грција

Утрово пионерите на ракометниот клуб Вардар заминаа за Верија (Грција) каде од утре до вторник ќе бидат дел од силен меѓународен турнир  „Врилитос 2017″ во Грција. Нашите момци се наоѓаат во група со екипите на Пјала и Дикеас и двете од Грција. Инаку екипите се поделени во четири групи од по три екипи, а учество ќе земат тимови како ПСЖ, Партизан од Белград, Загреб, Локомотива од Брчко, како и екипи од Грција. Избраниците на Андријана Будимир ќе се обидат да го повторат успехот од претходниот турнир “Трофеј на градот Зрењанин“ кога го освоија првото место. Утре со почеток од 16:20 часот го играме првиот натпревар против Пјала, додека следниот ден играме против Дикеас.

Вардар ја доби честа да учествува на една ваква организација, а нашите млади надежи се вброени во ТОП-5 најдобри пионерски екипи во Европа.