Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ОФИЦИЈАЛНО! ДАРКО ПАНЧЕВ НОВ СПОРТСКИ ДИРЕКТОР НА ФК ВАРДАР

ОФИЦИЈАЛНО! ДАРКО ПАНЧЕВ НОВ СПОРТСКИ ДИРЕКТОР НА ФК ВАРДАР

Официјално денес фудбалскиот клуб Вардар  во просториите на Фудбалската Академија на ФК Вардар, позади источната трибина на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје,  одржи прес конференција на која ќе биде промовиран новиот спортски директор на клубот, Дарко Панчев.

.

На прес конференцијата  присуствуваат новиот спортски директор, легендата на нашиот тим Панчев и  претседателот на Ф.К. Вардар г-н Мирко Спасески, и извршниот директор на клубот г-н Самоил Симев. Одличен потег на сопственикот на црвено-црните, Сергеј Самсоненко кој на оваа фунција постави човек кој има црвено-црно предигре. Тој на првиот прес го изјави следново:

-Мислам дека нема потреба да се преставувам, сите знаете кој сум, ниту да зборувам што претставува Вардар во мојата кариера и во мојот живот. Нормално се чувствувам возбуден што сум на помошното игралиште на Вардар каде што ја почнав кариерата. Прекрасно е да знам дека секојдневно ќе бидам на стадионот кој за мене и за многу други засекогаш ќе остане Вардаров стадион. Раководството на Фудбалскиот Клуб Вардар и г-нот Сергеј Самсоненко најдоа вистински начин, можеби и вистински момент да иницираат средба. Разговорите беа конкретни исто како и понудата, и денеска оваа промоција е резултат на сето тоа. Од она што можев да се запознаав во изминатите две недели, можам да кажам дека во клубот се создадени услови кои ќе овозможат работите да се подобруваат во клубот, и Вардар организациски и фудбалски во догледно време да се издигне на едно ниво погоре.

Панчев истакна дека со заедничка соработка на сите лица во раководните структури ќе се обидат да се подобрат некои работи и во првиот тим и да се оди скалило погоре и во европските натпреварувања.

Стратегијата која е зацртана, со некои мои идеи кои мислам дека ќе се вклопат во концептот, се реална основа да биде остварено она што е желба на раководството, навивачите и пошироката јавност. Јас ќе си дадам време да се запознаам со реалните состојби и со играчкиот потенцијал во Првиот тим кој што во домашното првенство е добро позициониран, а ќе се обидеме заедно со стручниот штаб во блиска иднина да се подобрат нештата и на меѓународните натпревари.

Дарко напомена дека посебен акцент ќе се стави на работата во малдинските фудбалски категории, за во иднина да излезат играчи за првиот тим на ФК Вардар.

-Посебно ќе се концентрираме и на младинската школа која може и мора да биде расадник на потенцијални квалитетни фудбалери за професионалниот погон. Другите идеи кои се однесуваат на важн сегменти за подобрување на посетеноста, меѓународната соработка и соработката со македонските клубот ќе се профилираат и ќе бидат ставени на хартија, рече Панчев.

Добре дојде дома ЛЕГЕНДО ВАРДАРОВА.