Веќе се познати термините за последниот завршен турнир во женската регионална лига. Домаќин на истиот ќе биде екипата на Вардар и спортскиот центар Јане Сандански. На него покрај црвено-црните ќе настапат и екипите на Подравка, Будуќност и Крим. Претходните три турнири се одржаа во Подгорица, Копривница и Љубљана.
Во полуфиналето Вардар за противник ќе ја има екипите на Подравка, додека другиот дуел го сочинуваат Будуќност и Крим Меркатор. Ова се термините за последниот турнир во регионалната лига за оваа сезона:
полуфинале, 25 април – вторник
Вардар – Подравка 15,30 ч.
Будуќност – Крим 18 ч.
Финални мечеви, 26 април – среда
меч за 3. место – 15,30 ч.
финале – 18 ч.