Во недела своите натпревари од треттото, односно четвртото коло од меѓурегионалната лига ќе ги одиграат Вардаровите генерации родени “2002“ и “2003“ година. Противник ќе ни биде екипата на Форца, а мечевите ќе бидат одиграни на академијата.
ФК Вардар генерација “2002“ досега има одиграно само еден натпревар и тоа оној против Башкими на истиов терен кој го добивме убедливо. Во минатато коло гостувавме на алумина, на екипата на Работнички. Истиов е прекинат поради повлекување од теренот на нашиот состав предводен Петар Ѓорѓиевски. Немили сцени се случувало на овој меч, на кој одговорноста треба да ја преземе домаќинот и да одговара за прекинот на натпреварот. Дуелот со Форца ќе започне од 12 часот.
Четвртото коло ќе го одигра и нашата генерација родени “2003“ година, кои имаат максимален број на освоени бодови по првите три одиграни кола. Претходно беа совладани екипите на Македонија Ѓ.П, Башкими и Работнички. Натпреварот со врсниците од Форца ќе започне од 10 часот. Избраниците на Томче Трајановски се наоѓаат во одлична форма и се очекува да ја продолжат победничката серија.